
Утре 12 април со почеток од 12:05 часот ќе се одржи мирен протест на семејствата на загинатите од пожарот во дискотеката во Кочани. Протесниот марш е насловен како „Задоцнета реакција“. И утре како и претходната сабота, маршот ќе започне во градскиот парк во Кочани, ќе се движи кон Трговскиот центар, потоа кон Општина Кочани, полицијата и ќе заврши пред Јавното обвинителство и судот во Кочани. Како што истакнаа организаторите, на маршот може да се приклучи секој кој сака да изразе поддршка на родителите на покојните.
„На маршот може да се приклучат сите граѓани на Македонија кои сакаат да изразат поддршка на родителите на покојните и почит спрема покојните. Маршот е единствено организиран од семејствата на починатите во пожарот во Кочани, не е за поддршка на обезбедувањето и ги замолуваме сите граѓани да го почитуваат ова и да не се приклучуваат доколку целосно не го прифаќаат маршот и неговата реализација, истакнаа во писменото соопштение.
Протесен марш имаше и претходната сабота, и истиот беше насловен како „Марш за ангелите“. Голема маса граѓани, родители, семејства, роднини и пријатели на загинатите од пожарот во Пулс маршираа во чест на починатите.
Во трагедијата во Кочани загинаа 61 лице, а над 200 лица беа повредени.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет