Што би промениле штипјани доколку се премиери/претседатели на еден ден?

Сте се запрашале ли некогаш што би промениле доколку се најдете во улога на премиер или претседател? Анкетираните граѓани пред камерите на М-Нет Тв изјавија дека би промениле доста работи, тргнувајки од здравството па се до Власта

„Се е скапотија, човек не може да живее. Што е ова? Не се живее! 7000 денари земаш и тоа дали ќе го искараш месецот, тешко… Затоа велам, Власта додека не се смени ова овде живот нема да биде овде, Многу мизерија народот, значи некој нема леб да јаде, многу ајдуци, катастрофа се, катастрофа се. Ајдуците бегаат,тие ја ограбат државата и бегаат, други дојдат и бегаат, катастрофа.“

„Првин Власта, таму сите да се сменат, па после тоа друго ќе менеме.“

„Се да се смени. Јас немам ниту плата, ниту пензија.“

Иако дел од граѓаните велат дека „за сега е добро“, други велат дека реалноста во здравството открива долги чекања и недостиг на кадар, бидејќи докторите се почесто заминуваат во странство.

„Да има високи плати, работа да имаат сите и здравтвото малку да се подобре да нема многу чекање за термини, тоа. Закажеш термин после три месеци или после четири месеци. Доктори има ама ни бегаат на страна и затоа овде фали кадар.“

„Па сега за сега е добро“

Анкетрираните откриваат длабока поделба меѓу кои некои едвај преживуваат и некои кои велат дека состојбата засега е стабилна. Дел од нив зборуваат за скапотија, живот без плата и пензија, додека други се уште гледаат стабилност во секојдневието.

Дајана Сандева, М-Нет