
Утре стартува пролетната полусезона од Третата лига – Исток со натпреварите од 10. коло.
Гледачите на телевизија М Нет ќе имаат можност преку директен пренос да го проследат соочувањето на ланскиот второлигаш Слога Виница и Дојранско Езеро.
Дуел на четвртопласираниот и третопласираниот тим на табелата.
Слога нема право на грешка ако сака бараж за Втора лига, Дојранско Езеро доаѓа и по бод во Виница.
Александар Ѓеоргиевски ќе биде главен судија, а преносот ќе започне во 14 часот.
Александар Ванев