Утре во ЖИВО на М Нет од Виница: Слога против Кожуф во важен меч во тешката борба за место во баражот за опстанок

Гледачите на телевизија М Нет утре ќе имаат ексклузивна можност во ЖИВО преку директен пренос да го проследат соочување на Слога и Кожуф во Виница, во меч кој е важен за домашниот тим, во тешката борба за место во баражот за опстанок.

Во натпреварот од 27. коло од Втората македонска фудбалска лига екипата на Слога нема право на грешка против Кожуф, само триумф може да ја остави Слога во игра за баражот за опстанок, во секој друг случај ќе значи и речиси тешка мисија да се стигне до место во баражот, па тоа би значело и испаѓање во Трета лига – Исток по неколку сезони во второлигашкото друштво.

Кожуф нема резултатски притисок, но сака триумф со цел да го заборави големиот пораз од Гостивар, па можеби и тоа ќе биде мала предност за Слога, која со голема поддршка од навивачите и публиката ќе мора да ги освои трите бодови на домашен терен.

Натпреварот ќе го суди штипјанецот Стојанче Стојанов, а пренос ќе стартува во 16 часот.