
Утревечер во 19 часот во Дом на млади Штип ќе биде промовиран романот „Рогоз„ на 23 годишниот Павел Миленковски од Штип. Станува збор за роман во кој главниот лик е агент во пензија, но работи како стручен консултант за расчистувања убиства во Штип. Младиот Миленковски овој роман го подготвува две години, а на промоцијата се поканети сите љубители на убавиот пишан збор.
„Рогоз е роман кој го подготвувам некое време, околу две години. Станува збор за главниот лик тоа е Алиас Рогоз тоа е агент кој потекнува од безбедносните служби на поранешна Југославија. Тој ја следи транзицијата во службите во современа Македонија. Кога започнува романот тој е во пензија и е повикан како стручен консултант да расчистува убиства во Штип.“ – вели Миленковски.
Напишаното во романот има голема поврзаност со сегашното општесво вели Миленковски, а во периодот додека го пишувал романот користел многу литература и имал голем број истражувања.
„Потребна е литература и голем број на истражувања поради тоа што се пишува за работи кои веќе постоеле. Ама не е откриено и ден денеска бидејќи станува збор за најдобрите тајни служби кои постоеле некогаш. Овде има голема поврзаност со сегашното општество, се критикува системот.“ – додава Миленковски.
Ова е втор роман на Павел Миленковски од Штип. Првиот негов роман „Поминав, но не застав“ излезе од печат во 2020 година.
Лаура Стојанова М-Нет