Утревечер во штипскиот Дом на млади ќе се прикаже словенечката комедија „Нешто слатко“

Словенечката романтична комедија „Нешто слатко“ утре ќе се прикаже во штипскиот Дом на млади. Филмот е во режија на Тин Водопивец од Словенија, а со македонските актери Сашко Коцев и Јелена Јованова – Периќ.

„Нешто слатко“ е збунувачка романтична комедија, филм полн со преплети и забавна содржина. Кариерата на една организаторка на конференции е во рацете на маркетинг гуру од Македонија, кој го пропушта летот за Љубљана. За да избегне катастрофа, го заменува со еден локален слаткар кој изгледа исто како него.

Јованова ја игра главната женска улога – Каја, а Коцев се јавува како актер со две улоги и се потпишува како копродуцент и косценарист заедно со Уршка Мајдич.

Филмот премиерно беше прикажан во Словенија, поточно во Љубљана, во февруари, кога предизвика голем интерес. Македонската премиера беше на 6 мај, во Скопје. Во Штип, премиерата на „Нешто слатко“ ќе се случи в четврток, со почеток од 20:30 часот, во Летното кино на Домот на млади.

Ребека Спасова М-Нет