
Овој викенд успешно беше реализирано третото издание на турнирот во билјард клубот Штип, кој е насловен како штипско првенство, а на кој настапија десет натпреварувачи од градот под Исарот.
Одиграни 138 натпревари, се играше 15 часа, а првото место му припадна на Кире Донев, додека пак второпласиран беше Љупче Козарев.
„Овој викенд сега што заврши 21 и 22 јуни, заврши еден добар турнир во билјард во нашиот билјард клуб Штип. Имаше одиграно 138 натпревари каде што имаше пријавено десет учесници. Самиот турнир траеше 15 часа беше многу напорно, но сепак интересно, така да секој кој би сакал да се зачлени, да го посети нашиот клуб, слободно може да не контактира, на социјалните мрежи или на нашиот телефонски број може слободно да се јави за повеќе информации. Следен турнир се очекува на 13 и 14 септември, кој што е четврт за оваа година, ќе имаме уште еден последен во декември месец некаде за тоа се’ уште не сме стигнале да го организираме. Турнирот е назначен како штипско првенство, значи само за учесници од Штип и тука блиску околината на Штип не е проблем. Така да, пак ќе кажам за секој кој што е заинтересиран може слободно да не контактира“, вели Кире Донев од билјард клубот Штип за М Нет телевизија.

До крајот на оваа година во рамки на штипското првенство се предвидени уште два турнири, во месец септември и во месец декември.
Александар Ванев, М-Нет