
Успешно заврши петтото издание на турнирот на Билјард клубот Штип, со што единствениот клуб за билјард во градот под Исарот успешно ја заокружува 2025 година.
Прво место освои Кире Донев, додека пак на второто место заврши Владо Режанков. Беа пријавени 12 учесници, а беа одиграни 128 квалитетни натпревари.
Титулата играч на годината ја освои Кире Донев со најмногу освоени бодови во текот на целата година.
Турнирот кој се одигра изминатиот викенд започна во 9:30 часот наутро, а се играше до 23:30 часот односно фантастични 14 часа активна игра.
Пред натпреварувачите од билјард клубот Штип следува учеството на Државното првенство, а од клубот за М Нет телевизија истакнуваат дека се подготвени и се надеваат на добар резултат и висок пласман.
Инаку, билјард клубот Штип е единствениот во градот прв професионален клуб за овој спорт, а интересот за истиот е голем.
Александар Ванев, М-Нет