
Со рецитал и музички точки деенска во салата Јордан Мијалков во Штип се одбележа 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост. Целта е овие деца да бидат вклучени во самото општество, прифатени и со подобро образование. Локалната самоуправа и институциите постојано работат на подобрување на условите за овие лица, за да се создадат еднакви можности за сите.
„Јас се надевам дека од година во година создаваме еднакви можности за сите наши сограѓани без разлика на попреченостите и на можностите затоа што тоа е наша обврска и тоа е наш приоритет. Денес е денот кога ги потврдуваме заложбите и го трасираме патот за иднина.“ – вели Јорданов.
Најголем проблем со кој моментално се соочуваат лицата со попреченост е потребата од образовни асистенти во средните училишта. Како што вели директорот на Државното средно училиште „Искра“ – Штип, се работи со ресорните министерства за надминување на овој проблем, за децата да следат образование, но и подобро да бидат прифатени во општеството.
„Лицата со попреченост имаат многубројни проблеми во делот на образованието. Знаете дека средното образование се имплементира со образовни асистенти и ова е проблематика која засега повеќе министерства.“ – вели Арсов.
Денешниот настан беше збогатен со настап на дечињата од Државното средно училиште „Искра“, а со своја точка се преставија и учениците од ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ Штип. Во меѓувреме во месец декември се очекуваат голем број настани за децата и лицата со попречености.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет