Добрата лубеница се познава по звукот, зелената дршка и изгледот, се продава по 15 денари за килограм

Добрата лубеница се познава по звукот, зелената дршка и изгледот, велат производителите од Штип како совети за избор на квалитетна лубеница. Иако се продава до 15 денари за килограм, сепак купувачи нема. Производителите се жалат: Летото го трошат на поле, но пазарот не е заинтересиран. Потребно е рачно собирање, товарење и транспорт. Лубениците со добар изглед и зелена рачка се вистинските хитови, но остануваат незаслужено на тезгите.

,,По 15 денара за килограм, има побарувачка, ама некој не сакаат да купуваат. Не е многу тешко садењето, има работа еден месец, да се сработи. Најтешко е да го собереш. Се оди рачно, од нива, треба во камион, па да се донесе на тезгите. Добра лубеница се познава најпрво по изгледот, по рачката зелена, а потоа по чукањето. Ако има убав звук, тогаш е добра.“, додаваат производителите

Граѓаните кои секојдневно конзумираат лубеница се децидини дека истата е добар рецепт за освежување на летните горештини. Ја ладат во фрижидер, а од неа знаат да направат и некој летни десерти и сокови.

Инаку, и лекарите препорачуваат во летниот период да се јадат лубеници, со цел да се хидрира телото. Иако конзумирање течности е особено важно во летните горештини, сепак и лубеницата содржи доволно течности, кои помагаат телото да се хидрира.

Иван Митев, М-Нет