
Успешно заврши Меѓународниот турнир „Еуроспорт Куп 2025“ во Куманово, а на кој настапија три генерации односно генерацјиа 2014, 2016 и генерација 2018.
Со европски гиганти со најдобрите школи од Европа и годинава „Еуроспорт Куп“ беше одлично организиран, а сите екипи заминуваат со позитивно искуство, стекнати нови пријателства и пуштена рака во знак на спортскиот фер-плеј.
М Нет телевизија преку директни преноси медиумски ги поддржува овој спортски настан, а преку кои преноси имавте можност да ги следите натпреварите на големите европски гиганти.
Во генерација 2014 екипата на Партизан го освои првото место, во генерација каде српскиот гигант доминираше против италијанските брендови. Торино заврши на второто место, Рома беше трета, а пак Лацио заврши на четвртото место.
Најдобар играч во генерација 2014 беше Душан Медиќ од екипата на Партизан од Белград, најдобар голман беше Матео Сиело од Торино, а пак најдобар стрелец беше Алесандро Дерколе од Рома.
Во генерација 2016 екипата на Александро од Македонија го освои првото место во генерација каде Престиж Врање од Србија беше втор, Партизан заврши трет, а пак Стари Аеродром од Црна Гора го осви четвртото место.
Во оваа генерација најдобар играч беше Мартин Лазаревкси од Александро, најдобар голман беше Душан Златановиќ од Престиж Врање, а пак Дамјан Јовановиќ од Партизан од Белград беше најдобар стрелец.
Во генерација 2018 на тронот се искачи СЦКА Софија од Бугарија, втор беше македонскиот тим Њу Старс, третото место го освои ЦСКА Софија со вториот тим, а пак домаќинот Куманово Еуроспорт беше четврти.
Во генерација 2018 најдобар играч беше Филип Владимиров од ЦСКА Софија 1, за најдобар голман беше прогласен Јован Брашнарски од Њу Старс, а пак најдобар стрелец беше Мирослав Митев од екипата на ЦСКА Софија 2.
Со многу дерби натпревари, погодоци, шанси, публика, моменти на среќа и моменти на прифаќање на поразот како дел од играта, успешно заврши „Еуроспорт Куп 2025“ за генерација 2014, 2016 и 2018.
Александар Ванев, М-Нет