
Успешна 2024 година за боречкиот клуб Киро Ристов од Карбинци, кој ова година забележа голем успех со третото место на Балканското првенство на Викторија Спасовска, но клубот има големи резултати во сите возрасни категории.
„Боречкиот клуб Киро Ристов од општина Карбинци трета година по ред прави предновогодишна прослава. Се работи за настан со кој ја одбележуваме работата на боречкиот клуб, настан кој не зближува и собира и се заблагодаруваме на сите оние коишто имаат направано, ние ова година имаме постигнато добри резултати, можеби ќе го издвојат најзначајниот учеството и настапот и освојувањето на третото место на Викторија Спасовска на Балканското првество, кое се одржа ова година во Македонија до 20 години, што е исклучителен и највреден резултат досега во нашата историја на клубот. Имаме постигнато резултати ова година во сите возрасни категории каде што настапувавме од пионери, кадети, младинци и сениори, во сите тие возрасни категории имаме освоено медали“, вели Димков.
Клубот со ваквите резултати се вброи некаде во средината од табелата на македонското првенство. Клубот се заблагодарува на сите кои го помогнале, а М Нет телевизија доби и благодарница од БК Киро Ристов за поддршка на развојот на борењето и спортот во општина Карбинци.
„Можам да кажам дека моментално клубот во две групи, имаме дечиња од 5 до 8 години и од 10 до 18 години. Ги повикувам и останатите доколку се заинтересирани други дечиња од околните места да ни се приклучат со надеж да го збогатиме нашето семејство и со еден апел да спортуваат сите, спортот е тоа го храбри го прави посилен не обединува.“
Димков посакува во 2025 година да се приклучат уште повеќе деца, да се повторат резултати, но и да има уште поголеми успеси и да се изградат добри и здрави дечиња.
Александар Ванев, М-Нет