Енис Барди заминува од Трабзон, Марјан Ристовски во грчкиот второлигаш Кавала, Дарко Илиески со титула во Таџикистан

Македонскиот репрезентативец, Енис Барди, кариерата ќе ја продолжи во нова средина, откако тренерот на Трабзонспор, Шенол Ѓунеш го известил Барди и неколку други играчи дека може да бараат нови клубови.

Долго време се пишуваше околу иднината на Барди, но веќе сигурно е дека капитенот на македонската репрезентација ќе треба да бара нова средина. 29-годишникот во турскиот клуб пристигна од шпански Леванте.

Марјан Ристовски ја започнува својата интернационална кариера со преселба во грчкиот тим Кавала. Крилниот фудбалер ќе има нови предизвици во својата кариера со настап во грчкиот второлигаш, кој се бори за опстанок, бидејќи тимот е на дното од табелата.

Ристовски во Кавала се сели од струмичкиот прволигаш Брера, а во својата кариера има настапувано и за Вардар, Силекс, Работнички, Борец, Тиквеш и Кожуф.

Македонскиот интернационалец Дарко Илиески ја освои титулата во шампионатот во Таџикистан со екипата на Истигол Душанбе. Претходно 29-годишинкот настапуваше за македонските екипи Струга, Борец, Пелистер, Победа, Тиквеш, Металург и 11 Октомври, а пак на меѓународна сцена беше дел и од Копер во Словенија и Ширак во Ерменија.

Александар Ванев, М-Нет