
Невреме пред неколку дена ги оставило жителите на село Калузлуја, карбинско без улично осветлување. Жителите реагирале до градоначалникот на Општина Карбинци за проблемот да биде решен. Меѓутоа, наместо решение се создава нов проблем, додаваат жителите. Влезот на селото каде се наоѓа селската чешма, но и автобуската постројка остануваат во темница бидејќи уличната светилка е отстранета од страна на надлежните.
„Вчера се случи некоја трагедија тука. Имаше дефект во селото, паднаа уличните бандери. Мислејќи уличното да се поправи, да свети, ама за жал уличната и кабелот од страна на градоначалникот Виктор Паунов се однесени на друга страна“
Како што велат жителите отстранетата светилка не била оштетена при само невреме, па нејасно е зошто истата не го осветлува влезот на селото.
„Уличната ја извадил од влезот на селото, ја преместил на дрго место. Ова не е убаво, до него апелирам нека дојде веднаш да го направи уличното“
Градоначалникот на Општина Крабинци, Виктор Паунов пак во врска со случајот вели приказната има и друга страна. Жителите го злоупотребувале уличното осветлување и на сметка на општината си ги осветлувале сопствените имоти.
„Она што во суштина се случи е проблемот кој истиот проблем не сакал да го каже, а тоа е узурпирањето на уличното осветлување за осветлување на личен имот и неговиот сопствен двор. Општина Карбинци нема дополнителни средства за располагање за дополнителни трошоци за електрична енергија. Нашата обврска и должност е да ги осветлиме јавните површини“ – кажа Паунов.
Во оваа прилика еден од жителите на село Калузлија побара јавно извинување од страна на Паунов за стресот кој тој го причинил на неговото семејство. Паунов со одговор доколку е стрес некому со години да му плаќате и да му го осветлувате дворот институциите да одлучат кој треба да се извини. Дополнително тој најави дека влезот на селото ќе биде осветлен бидејќи се работи на решавање на проблемот.
Лаура Стојанова М-Нет