Под знак прашалник е дали граѓаните ќе може да си купат јајца и месо за Велигден

На две недели пред големиот христијански празник Велигден цените на јајцата и место дополнително скокаат во нагорана линија. Граѓаните во Штип велат ако минатата година јајцата се купуваа по цена од 6 до 8 денари годинава се достигнува врвот, јајцата се со цена од осум до 12 денари. За месото пак без став, бидејќи со нивните сегашни примања пари за месо речиси и да нема. За празнична трпеза не ни размислуваат, бидејќи како што велат до Влеигден цените можеби уште повеќе ќе вртоглаво ќе скокнат.

„Кога доаѓаат празници треба да се намали цената, ама они качуват ги, еве десет јајца 90 денари, а пензиите се мали“

„Голема разлика во цените, ако лани јајцата беа по шест денари сега веќе се девет“

Јајцата висока цена држеа уште на пазарот во Штип во петокот, кога за една табла се напќаше најмалку 220 денари. Сега ситуацијата на терен покажува дека цената на гајба јајца е до 260 денари, а можеби и дополнително ќе расте. Продавачите за покачената цена на јајцата со став дека истите ги диктираат фармите.

Лаура Стојанова М-Нет