Украдени пари од црквата ,,Св. Недела” во Облешево

На 03.05.2025 година во 07.21 часотво Полициската станица Кочани, А.С.(41) од село Облешево, пријавил дека во временски период од 16.30 часот на 02.05.2025, па до моментот на пријавување, со употреба на погоден алат од црквата „Св.Недела“ во село Облешево непознат сторител одзел пари, а причинета е и материјална штета. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.