
Сообраќаен знак за работа на пат, но градежни активности не се изведуваат. Реконструкцијата на улицата „Маршал Тито“ во кочанско Грдовци веќе некое време на половина. На истата во моментов не се работи, а раскопаната улица е проблем за жителите, минувачите и возилата. Жителите со надеж дека работата ќе продолжи и ова нема да остане овде, велат дека улицата им е и те како потребна и потребно е да се заврши.
Со надеж дека улицата ќе биде завршена се и од Општина Кочани. Од таму дадоа и конкретен рок кога ќе се продолжи со работата.
„Градежните активности ќе продолжат на оваа улица и покрај тоа што во моментов не се работи. Во моментов е изгребена асфалтната маса, а асфалтот ќе се стави по први март. Сепак, тоа е привремено и сигурно ќе продолжи да се работи на улицата „Маршал Тито“, па ќе биде готова во следните месеци.“ – истакнаа од Општина Кочани.
Како што велат жителите, среќа е што ова не е долго време вака, но се надеваат и дека нема да потрае. Со ова ќе им се реши и единствениот проблем, зашто како што велат, во Грдовци немаат многу проблеми, единствено оваа недовршена важна улица.
Ребека Спасова М-Нет