После долго време чекање, исечени старите дрвја во населбата Македонка во Штип.

После долго време чекање жителите на населба Македонка, денеска се ослободија од сенката во која се будеа секојдневно. Акцијата се спроведе за сечење на дрвјата, стари со години кои веќе беа проблем за овдешните граѓани. Во соработка со ЕВН, ТППЕ Штип, ЈП „Исар“ и ЈП„Стипион“, Телекабел, Телеком, како и фирмите „Црн камен-95“ и„ТИМ“- Скопје, истите се искастрија или целосно беа отстранети. На лице место со свое обраќање и благодарност, изјава дадоа в.д. градоначаникот на Општина Штип, Јане Миланов, како и директорот на ЈП „Исар“, Живко Тасев. Исто така и граѓаните го изразија своето преголемо задоволство бидејќи после долги години некој ги слушнал нивните барања. Отстранувањето на овие по 50 години стари дрвја нуди побезбеден начин за живот за луѓето чиишто имоти и дворови беа во опасност од надраснатите дрвја. Секое ново невреме, дување ветар или дожд, преставуваа запаметена слика од кршење дрвја или летање на керамиди. Денеска акцијата која се спроведе во населбата Македонка во Штип, значеше и крај на стравот на луѓето.

Лаура Стојанова М- Нет