
19 години постоење денеска одбележа Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, како симбол на посветена работа и развој во високото образование. Низ оваа институција во изминатите речиси две децении поминале над 35.000 студенти, додека моментално бројот на активни студенти изнесува околу 8.000 на сите три циклуси студии. Ректорот Дејан Мираковски истакна дека УГД од една идеја прераснал во модерен универзитет со јасна визија и европски стандарди. Тој нагласи дека универзитетот претставува место каде младите не само што стекнуваат знаења, туку и ги реализираат своите идеи и потенцијали за успех.
,,Над 35.000 студенти поминале низ УГД Штип во овие 19 години постоење. Во моментот имаме околу 8.000 активни студенти на сите три циклуси. Добредојдовте на свечената академија по повод 19 години од основањето на УГД Штип. Денеска го славиме датумот во кој од една идеја, имаме со јасна визија нова институција која навистина претставува европски универзитет, место каде што не само нашите студенти добиваат знаења, туку место каде што може да направат да ги реализираат своите идеи и идеи кои што можат да станат навистина успешни млади луѓе и гордост за целата нација. Ми претставува задоволство што имаме успешно заокружување и на оваа 19 та година од основањето. Имавме навистина плодотворна недела, во која што имавме гости од сите 8 универзитети од европската универзитетска алијанса.“, вели Мираковски
Помеѓу присутните беше и штипскиот градоначалник Иван Јорданов, кој пред медиумите истакна дека универзитетот во овие 19 години создал голема вредност во градот, бидејќи како што кажа големи придобивките, особено од локален економски аспект
,,Деветнаесет години развој на универзитетот, кој создаде вредност во нашиот град, а како се развива тој, се развива и градот. Поразличен е од локален економски аспект со отворањето на УГД, а мене ми е уштеп одраго што оваа 19 година од постоењето, можеме да бележиме и дополнителни промени во позитивна насока. Членувањето во европската асоцијациај на европски универзитети, даваат дополнителна вредност на универзитетот. Даваат можност за размена на студенти.“, рече Јорданов
Студентите, кои воедно беа и топли домаќини на настанот во економскиот факултет, истакнаа дека судирањето на овој универзитет има посебно значење за нив, бидејќи нивните знаења потоа им отвораат нови можности за работа.
,,Студирањето беше полно со предизвици, но и со многу можности. Јас учествував како теоријата се претвора во акција, но и исто така универзитетот ни нуди учество на научни конференции, каде што ние учиме како научниот труд се претвора во дел од научниот дијалог.“, истакна Ризанкова
,,Не претставува само симболична бројка, туку ја искажува сибиозата помеѓу тоа како професорите работата и како студентите живеат со овој универзитет. Универзитетот е многу повеќе од образование. Можам слободно да кажам дека сум горд што сум дел од овој универзитет, а воедно и како претседател на студентско оргганизираната асоцијација СОМА.“, кажа Мирасчиев
Инаку, настанот се одржа во просториите на екомоснкиот факултет при УГД Штип, а присуствуваа голем број професори, студенти, претставници од локалната самоуправа, Владата и од останатите општини
Иван Митев, М-Нет