Бесплатна театарска претстава вечерва во Штип по повод Светскиот ден на театарот

Бесплатна претстава по повод Светскиот ден на театарот, вечерва ќе изведат актери во Народниот театар во Штип, со почеток од 20 часот. Станува збор за претставата „Случајната смрт на еден анархист“, преку која, според актерите, се опишува системот – некогаш и сега – со кој се справува обичниот човек на еден комичен начин.

Поканети се сите граѓани кои го љубат театарот, а потребно е само да резервираат билет.

,,Денес како светски ден на театарот и како сите театри и ние се приклучуваме кон прославва со претставата случајната смрт на еден анархист. Пред да почне претставата ќе се прочита светска порака по повод денот и една македонска. Светската е од Вилијам Дефо, актер филмски. Toa e политичка стира која го опишува системот, кој што бил и тогаш и сега со кој обичниот човек се справува, на еден комичен начин.“, вели

По повод денот на театарот, граѓаните прашани колку често одат на претстави, остануваат со поделени одговори. Едни велат дека одат и ќе бидат дел од публиката и вечерва, додека други признаваат дека немаат време поради секојдневните обврски.

Светскиот ден на театарот е востановен во 1961 година од Интернационалниот театарски институт. Се одбележува секоја година на 27 март кога пред изведувањето на претставите на сцените низ светот се читаат меѓународна и национална порака за значењето на театарот.

Иван Митев, М-Нет