УГД Штип најдигитализиран во државата, започнаа активности за дигитализација во високото образование

Дигитализација во високото образование – започна серија на заеднички активности и дебати на младите со цел да се промовира дигатализцијата и на тој начин студентите наместо да чекаат на шалтер да имаат барем еден проблем помалку и да ги завруваат своите обврски на дигитален начин. Поддршка на ваквиот начин на функционирање даде и ректорот на УГД, Дејан Мираковски, кој посочи дека како Универзитет се вклучуваат во користење на дигиталните алатки во трансферот на знаењето кај младите.

„Им овозможуваат на студентите без никакви надворешни влијанија сами да ги контролираат сите административни процеси. Од друга се трудиме како Универзитет да вклучиме повеќе дигитални алатки во трансферот на знаењето. Младите генерации многу полесно и подобро од нас го прифаќаат поцесот на дигитализација и сметаме дека соработката со младите е од курцијално значење да ги разбереме потребите како тоа најдобро да го направиме, како да ги прилагодиме нашите системи на нивниот начин на размислување и функционирање и да овозможиме и подобар трансфер на знаење и поквалитетно знаење“ – вели Мираковски.

Соработката со УГД Штип и активностите за дигитализација на високото образование се темелат на истражувањата кои покажуваат дека штипскиот универзитет е најдигитализиран во државата меѓу државните универзитети. Со дигитализација се подобрува функционирањето на младите и се зголемува нивното знаење на полесен начин.

„Преку дигитализација ние можеме да имаме поквалитетно високо образование. Тоа што ние сакаме да го истакнеме како невладина организација е фактот што студентите имаат 100 проблеми, но чекањето по шалтери не треба да ни биде проблем. Од нашите истражување УГД се покажал како најдигитализиран во нашата држава од државните универзитети у вакви примери треба да се искажат дека ако има добра волја од ректорот и професорите дигитализацијата не е утопија туку нешто што може да се реализира“ – вели Ходаи.

На денешниот настан во просториите на УГД Штип со начинот на дигитализација во високото образование се запознаа студентите бидејќи целта е да се олесни токму нивниот начин на живеење и функционирање.

Лаура Стојанова М-Нет