Депресија, малаксаност, немање сила – како времето влијае врз расположението и здравјето кај граѓаните?

Депресија, апатија, варијации со крвниот притисок, немање сила – со овие симптоми најчесто се соочуваат граѓаните согласно сегашните временски услови. Промената на времето од надпросечно топло за овој период од годината до пониски дневни температури и врнежи влијаат врз расположението, но и врз здравјето на пациентите.

„Временските непогоди или погоди влијаат на расположението оти до скоро имавме топло време натпросечено за овој период од годината. Со падот и врнежите кои се нормални за овој период од годината влијаат врз расположението со тоа што сме поспани, имаме варијации на крвниот притисок, апатија, немаме сила. Тоа е еден нормален период за адаптација на организмот на надворешните влијанија.“ – вели Митрова.

Промените кај пациентите се забележителни оти како што вели Митрова амбулантите се полни. Пациентите се жалат на главоболка, немаат сила да ги извршуваат своите обврски, малаксаност, а веќе присутни се и настинките.

„Поради тоа имаме зголемен број на прегледи на пациенти кои се жалат дури и оние кои немаат здравствени проблеми од природа на покачен крвен притисок, ама периодот амбулантите се полни. Најчесто се жалат на главоболка, малаксаност, немање сила, замор, а овој перид се уште активни се и настинките“ – вели Митрова.

Лекарите велат овој период се надминува со адаптација на граѓаните кон надворешните влијанија. Додаваат дека треба да се почитуваат советите од своите матични лекари.

Студено време со врнежи од дожд е карактеристично за овој период од годината и е очекувано затоа адаптацијата треба да биде навремена и соодветна, велат лекарите.

Лаура Стојанова М-Нет