
Кошаркарите на Соколи забележаа уште една висока победа над Ролинг во Струмица со резултат од 47:94, во рамки на последното коло од регуларниот дел на Првата лига.
Штипјани обезбедија место во топ осум каде ќе разигруваат за влез во кошаркарската елита на Македонија односно Суперлигата.
Во рамки на групата Б покрај Соколи убедлива победа имаше и тимот на Бутел кој славеше над Спортистимо од 124:87, а пак Борец Баскет го доби дербито со Овче Поле со 96:71, додека тимот на Струмица ФМП беше слободен.
Во однос на групата А таму пак Мега Баскет со 118:84 го декласираше Младинец, Восно Санс загуби тесно на домашен паркет од Тетекс о 76:79, а пак Вардар со 91:82 го декласираше Црн Дрим. Тимот на Охрид беше слободен во рамки на 14. коло.
Веќе е формирана топ осум групата каде ќе се разигрува за влез Суперлигата, а ќе разигруваат Вардар, Мега Баскет, Воднос Санс и Охрид од групата А, додека пак Струмица ФМП, Соколи од Штип, Бутел и Борец Баскет од групата Б.
Што се однесува до плеј-аутот каде ќе се разигрува за опстанок во Првата кошаркарската лига, од групата А ќе бидат Црн Дрим, Тетекс и Младинец, а пак од групата Б се екипите на Овче Поле од Свети Николе, Ролинг од Струмица и Спортисимо Баскет.
Следува возбудлив дел од Првата лига каде секоја победа ќе значи многу во трката за остварување на амбициите на екипите.
Александар Ванев, М-Нет