
Убавото грозје во кочанско карбинскиот регион страда за вода. Системот за навдоднување не работи, па земјоделците самостојно се снаоѓаат за да го вадат лозјето, на кое вода мму е потребно повеќе од било кога. Бранко Ташев веќе четири децении се занимава со лозарство, има добар род, нема болести, ама потребно е многу вода за да преживее до берба.
„Оваа година со болести сме добри, нема болести со пет прскања поминавме ептен убаво. Грозјето е многу убаво, само за вода страда. Имаме систем за наводнување, ама од 2000 година не работе. Еве ставам систем капка по капка, носам цистерни со вода. Лозјето сака многу вода, за да остане во живот. И се надеваме само мајките да останат живи, плодот сме сигурни дека ќе оде. Сортата е ракацители, многу убава сорта, средно родна, високо квалитетна, сѐ убаво – ама џабе“ – вели Ташев.
Оддамна се грижи за лозјето, го одгледува иако не е исплатливо. Но, како што вели Ташев, лозјето го има многу оддмна и затоа не сака да го остави на работ на времето да се уништува од високите тепмератури и горештини.
„Имало е и подобри години и полоши, имало е невремиња, град, ама сега ќе поскауваме и град било што да е само вода да е. Овоа е касна сорта, береме некаде околу 7 до 10 октмври.“ – додава Ташев.
Оваа година се очекува дообар род, само ако не се исушти лозјето за вода.
Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет