
Портата затворена со катанец, пред неа обезбедување. Ваква слика утринава затекнале сопругата и децата на Кире од Штип кога сакале да си влезат во нивниот дом. Имено, голготата на семјеството Трајкови трае повеќе од 14 години, бидејќи од куќата и дворот во која живеат повеке од четири децении денеска треба да се иселат. Според налогот утринава во 10 часот тие веќе требало да бидат иселени и откако тоа не се случило новиот сопстевник поставил катанци на влезната порта. Пред објектот имаше поставено обезбедување и полициски службеници.
„Преска жената и децата доаѓаат, катанци ставено, внатре во куќата влегле без ние да бидеме дома. 2004 година бевме на Суд, Судот вели не е надлежен за потоа д абиде надлежен. Еве, сега на шести треба да одеме на Суд за да видеме кој е право“ – вели Кирче.
Според Трајков, ова не е прв пат присилно да треба да се иселат од местото каде што живеат. Тие не се социјален случај, но со ова под знак прашалник се става нивната понатамошна егзистенција. Со три малолетни деца треба да останат на улица, а создавале и граделе топол дом.
Тој бара од институциите да се проверат документите и да се реши голготата во која живеат со години.
Трајкови истакнаа дека правдата повторно ќе ја бараат на Суд бидејќи сега нема каде тие да се иселат и да живеат.
Лаура Стојанова М-Нет