Штипјанец физички ја нападнал 50-годишната сопруга

На 16.05.2022 полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода Н.Д.(61) од Штип, бидејќи околу 16.30 часот во семејниот дом во Штип физички ја нападнал неговата 50-годишна сопруга. По комплетирање на случајот против Н.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.