
Откупот на тутун во откупниот пункт во Карбинци продолжува. Произведувачите на жолто злато пред камерите на М-Нет телевизија истакнаа дека се задоволни годинава од откупната цена и начинот на кој се класира тутунот. Произвоство има велат тие, додавајќи дека се продава и ланската реколта. Сушната година малку ги отежнала околностите, но сепак квалитет кај тутунот има.
„Оценувањето на тутунот е мнгоу добро, од 180 до 200 денари за просечна цена и тоа е доволна цена. Плаќаат убаво, исто така се и оценува. Квалитетот добар е, сушна беше годината, ама квалитетот е убав“
Пред пунктот во Карбинци немаше голема редица на луѓе кои чекаа за откуп на тутунот. Споредбено со претходната година повеќе се чекаше и потешко се откупуваше, согласни се продавачите, но оваа година се задоволни и од класирањето и од откупната цена.
Лаура Стојанова М-Нет