Туристичко Берово празно заради новите мерки, угостителите и граѓаните незадоволни

Мерките воведени од страна на Владата, односно онаа која се однесува на тоа лицата кои не се вакцинирани да не можат да седнат на кафе, посетат обложувалница, казино или трговски центар полека земаат свој данок. Додека премиерот Заев и Министерот за здравство, Венко Филипче, задоволни од мерките велат дека истите даваат резултат, односно се зголемува бројот на вакцинирани граѓани, угостителите, но и граѓаните не се задоволни од истите.

И туристичко Берово полупразно заради новите рестрикции и мерки коишто ги донесе владата за ограничување за влез во угостителските објекти. Угостителите велат дека работата се намалила од 70, па до речиси 100%.

Ако пред воведувањето на мерките и нивното стапување на сила на 16 август годинава, угостителите работеа со полн капацитет, денес велат дека едвај некој влегува во локалите.

„Да, многу е намалена работата. Значи, никој не сака да дојде да седне, затоа што ако има двајца вакцинирани другари, третиот не е вакцинирани. А ние мораме да им бараме сертификати и де не ги служиме невакцинираните. Имаме и лице – редар, но ако имаме до 30 луѓе ние келнерите сме редари. Порано имаше многу работа. Сега, сигурно, 70 – 100% е намалена работата и никој не сака да седи“, вели Иван Трошански, келнер.

И граѓаните не Берово не го сокрија своето незадоволство. Поголемиот дел од нив, бидејќи се невакцинирани, кафето го пиеја на клупите покрај кафичите.

„Мерките не влијаат и мислам дека треба да се пушти секој да одлучува самостојно без принуди оти вака, очигледно, сакаат населението да го примораат да се вакцинира не знаејќи што тие вакцини ќе донесат во иднина. А јас не сум вакциниран и нема да се вакцинирам.“Изјава 4054 00,10 мерките 00,32 вакцинирам

Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекески, додаде дека засега од угостителите во Берово нема поднесено никакво барање до него за полесно справување со коронавирусот, но во голема мера се почитуваат мерките и начинот на работа на локалите.

„До нас до моментов на разговорот тие немаат поднесено барање до нас, како Општина за да можеме да им излеземе во пресрет. Не сме разговарале за состојбата за тоа како тие во овој момент се справуваат. Меѓутоа, за нас начинот е сепак, бидејќи тие се дел од туристичката понуда на градот, да имаме ниво и можност да ги исполнуваат одредените обврски и услуги кои ги нудат за да можат посетителите да бидат задоволни од квалитетот на понудата“, истакна Пекески.

Инаку, за влез во угостителски објект се бара сертификат за примена најмалку прва доза вакцина или документ за прележан корона вирус.

Лаура Стојанова МНет