Туристичките аранжмани покачени за 10 – 15%, сепак интерес има – Грција најпривлечна

Цените на аранжманите за летово се со благо покачување од 10 до 15%, но сепак по две годни пандемија заинтересираност кај граѓаните има. Од туристичките агенции велат дека најголема заинтересираност има за Грција, Бугарија и Албанија, а поретко граѓаните одлучуваат одморот да го поминат во државта.

„Интересот е доста голем, цените се пристапни. Во нашата агенција цените за Паралија се константно ниски во споредба со останатите понуди за Грција што ги имаме. Покачувањата се некаде околу 10 до 15% на аражманите за разлика од лани. За еднодневните капења има покачување на цената од 100 денари“, вели Олгица Захариева.

Сепак соседна Грција е најпривлечна за патување сега и граѓаните најмногу бираат аранжмани таму. Во текот на годината има заинтересираност и за домашни дестинации, но во текото на летото поретко.

„Имаме најмногу заинтересирани клиенти за патувањата во Грција, најпопуларна дестинација е Паралија и Неа Потидеа со вклучен превоз од Кочани. Исто така не може да го занемариме и интересот за Албанија, кој е доста голем. Другите дестинации коишто најмногу се бараат се во Турција, Бугарија“, додава Захариева.

Како што и претходно заклучија граѓаните, на одмор оваа година ќе се оди само во државава и до некои поблиски дестинации во соседните држави. Сепак, туристичките агенции се согласни дека со олеснување на ковид – мерките, интересот за патувања се зголемува.

Лаура Стојанова М-Нет