Трчевски ќе го суди баражот за Прва лига меѓу Беса и Башкими во Кавадарци

Утре на Градскиот стадион во Кавадарци со почеток од 17 часот ќе се одигра баражот за Првата македонска фудбалска лига меѓу Беса која како прволигаш ќе бара опстанок и Башкими кој како второлигаш сака влез и враќање во елитата.

Главен судија на натпреварот во Кавадарци ќе биде Стојанче Трчевски, а ќе му помагаат Тоше Ицев и Дарко Видиниќ, а пак Кирил Смоквоски ќе биде четврт судија на мечот.

Финална битка и 90 минути до остварување на целта. Беса ја делат 90 минути од опстанокот во Прва лига, а пак Башкими е пред портите на Првата лига и го дели еден меч тимот од Куманово да се врати во елитата.

Градскиот стадион во Кавадарци ќе биде местото каде ќе се добие последниот патник во Првата лига за сезона 2025/2026.

Александар Ванев, М-Нет