
Утрешното 13. коло во Втората македонска фудбалска лига ќе донесе низа возбудливи дуели, а Фудбалската федерација на Македонија ги назначи главните судии кои ќе ја водат судиската правда на секоја од средбите.
Во Скопје, дуелот меѓу Скопје и Тетекс ќе го суди Ндерим Тефику од Куманово.
Средбата Големо Коњари – Охрид, која е одложена поради поплавениот терен, беше доверена на Ангелчо Ристов од Неготино. Натпреварот ќе се игра на 3 декември.
Во Радовиш, мечот меѓу Детонит Плачковица и Преспа ќе го води струмичанецот Сашко Ристов, додека дербито меѓу Слога Виница и Саса е во рацете на штипјанецот Крумислав Ѓоргиев.
Дуелот во Струмица меѓу Беласица и Новаци ќе го суди Бењамин Ќерими од Скопје, додека големото дерби на колото, пресметката Шкендија Арачиново – Брегалница, му е доверена на Стојанче Трпчевски.
Средбата во Кочани меѓу Осогово и Вардар Неготино ќе ја води Боби Величков од Велес. Во Прилеп, пак, на натпреварот Победа – Кожуф, главен судија ќе биде кичевчанецот Марјан Дејаноски.
Сите натпревари започнуваат во 13:00 часот.
Александар Ванев, М-Нет