Во недела во Штип ќе се одржи 4-тиот меморијален турнир „Јордан Мијалков“ и 4. коло на Опен Балкан

Боксеркиот клуб „Пинк Пантер“ во недела ќе го организира четвртото коло на Опен Балкан лигата „Олимписки Надежи“ како и четвртиот меморијален турнир „Јордан Мијалков“.

Искусниот тренер Петар Чурлиновски за М Нет истакна дека подготовките одат во најдобар ред, во недела со почеток од 16 часот во спортската сала „Јордан Мијалков“ ќе пристигнат боксери од државите на поранешна Југославија, а тоа дефинитивно ќе биде спортски празник за Штип.

Салата во Штип се подготвува за овој боксерски спектакл, а на кои учество ќе земат над 40-тина натпреварувачи.

Чурлиновски истакна дека боксерите на Пинк Пантер ќе се обидат да го задржат минималното водство кое го имаат стекнато во претходните кола.

Александар Ванев, М-Нет