
Во пролетниот дел од ракометната Суперлига ќе гледаме неизвесна и израмнета трка за место во плеј-офот, четири екипи влегуваат во битката за последните две места за плеј-оф.
Тиквеш, Бутел, Еурофарм Пелистер 2 и Прилеп се екипите кои ќе се борат да ги фатат последните две места за плеј-оф, каде ќе се разигрува за титула и излез во Европа.
Тиквеш е петти на табелата со 18 бодови колку што има и Бутел кој е шести, на седмото место е вториот тим на Пелистер со 17 бодови, а пак Прилеп е осми со 16 бодови. Две од овие четири екипи ќе извисат, а две ќе бидат дел од плеј-офот.
Од регуларниот дел остануваат уште четири натпревари, а во игра се осум бодови, по што ќе започне плеј-оф и плеј-аут сегментот.
Трката за титулата ќе ја водат Вардар, шампионот Еурофарм Пелистер, Охрид и Алкалоид, а пак во долниот дел Радовиш е најзрел кандидат за испаѓање во Прва лига, а пак Струга и Куманово ќе водат борба за да го избегнат претпоследното место кое води кон баражот за опстанок.
Александар Ванев, М-Нет