
СВР Штип поднесе кривична пријава против Р.Д.(73) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 23.12.2020, полициски службеници ја затекнале пријавената на Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“ и покрај тоа што имала решение од ДСЗИ за изолација во домашни услови.
СВР Штип поднесе кривична пријава против Ф.С.(56) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 12.01.2021, пријавената постапила спротивно на издадено решение од ДСЗИ со одредена мерка на изолација во домашни услови и го напуштила домот.
СВР Штип поднесе кривична пријава против К.Д.А.(22), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 26.12.2020 полициски службеници извршиле контрола и не ја затекнале во домот, со што постапила спротивно на решение од ДСЗИ, со одредена мерка на изолација во домашни услови.