Три нови улици ќе добијат жителите на село Радање, улиците се во рамките на проектот „О.Карбинци без кал“

Започна изградбата на три нови улици во село Радање, кој се планирани да се готови за следниот период. Улиците се во рамките на проектот „Општина Карбинци без кал:, кој што општина го работи во последниот период. Градоначалникот Виктор Паунов истакна дека ваквата реализација е од голема важност за жителите, бидејќи тие ќе имаат подобри услови за живот.

“Денес сме во село Радање, овде продолжуваме со онаа градежна офанзива која е во прашаење патната инфраструктура. Започнуваме со изградба на три нови уливи овде во селото Радање. Овие улици се во рамките на проектот „Општина Карбинци без кал“, кој што офанзивно го работиме во изминатите денови.“, истакна Паунов

Кога е во прашање патната инфраструктура, село Радање не памети ваква градежна офанзива како сега, додава Паунов.

„Село Радање не памети никогаш ваква градежна офанзива како сега, кога е во прашање патната инфраструктура и градењето на улици кои што се важни за нас и за граѓаните овде во ова населено место.“, додава Паунов

Инаку проектот Општина Карбинци без кал започна да се реализира во последните недели, а основната цел е карбинските села добијат соодветни услови за живот и добра патна инфраструктура. Во проектот за реконструкција се вклучени осум улици, а истиот е финансиран од страна на буџетот на општината.

Лаура Стојанова, М-Нет