Трите бодови останаа во Радовиш, Осогово и Борец со нови порази!

ФОТО: Александар Ванев, М-Нет телевизија

Денес беа одиграни натпреварите од 14. коло на Втората лига, а во рамки на истото на спортскиот канал М Нет Спорт имавте можност да го следите натпреварот од Градскиот стадион во Радовиш каде се соочија Детонит Плачковица и Башкими, во дерби меч на лош терен полн со вода подобар беше домаќинот со 3:1.

Христијан Митревски постигна гол за водство на Башкими од 0:1, а потоа следуваше брз пресврт на Детонит Плачковица, преку Албан Таипи и Иван Настевски. Во финишот на мечот домаќинот доби пенал кој успешно го реализираше Стефан Бабунски за конечни 3:1. 

На М Нет телевизија можевте да го слеите натпреварот од Кочани меѓу Осогово и Каменица Саса каде гостинот со 1:3 беше пресилен. Ајрули и Мичковски погодија за 0:2 на полувреме, а во вториот дел Симевски зголеми на 0:3. Во финишот Таневски си постигна автогол за конечни 1:3.

Вардар Неготино на домашен терен се соочи со „фенерџијата“ Вардарски каде домаќинот со 6:1 го „здроби“ гостинот. Кирил Неделков постигна три гола за домашниот тим, а по еден гол постигнаа Шишкков, Крстев и Ќазимов, додека пак за гостинот единствен стрелец беше Спасовски.

Во Автокоманда свое соочување имаа екипите на Скопје и Новаци, кад домаќинот со погодоите на Шуку и Наумовски се радуваше на три бодови.

Кожуф со голот на Благој Стојанов славеше над Победа, а пак Македонија ЃП преку голот на Кире Маркоски го доби Арсими со 1:0.

Брегалница на Градскиот стадион во Штип се соочи со Охрид каде „сините“ преку погодоците на Томовски и Стојков го продолжуваат победничкиот пат славејќи со 2:0 над охриѓани. „Сините“ нижат победи на патот кон враќањето во Прва лига, заедно со лидерот Македонија ЃП.

Борец на домашен терен запиша нов пораз, откако беше поразен од Беласица со минимални 0:1, а стрелец за гостинот од Струмица беше Констадин Капсаров.

Александар Ванев, М-Нет