Дерби меч на ланските суперлигаш Вардар Неготино и Скопје, Овче Поле гостува во Битола

ФОТО: Александар Ванев, Телевизија М Нет

Денес со три натпревари се отвара 11. коло од Првата ракометна лига, а ќе се комплетира со пет меча кои ќе се одиграат утер.

Во Струмица ќе се одигра дуел од долниот дел на табелата каде Астраион ќе ја бара првата сезона радост и првите бодови против Кичево.

Големиот фаворит Еурофарм Пелистер 2 на домашен терен ќе игра против Овче Поле од Свети Николе, Македонија ЃП како фаворит ќе бара враќање на победничките патеки против Шампион.

В недела Јехона во Гостивар ќе го пречека фаворитот Металург РА, Аеродром на домашен терен ќе претежок меч против Мулти Есенс каде гостинот ќе биде повеќе од апсолутен фаворит во натпревар на двата лански суперлигаши.

Драчево ќе мора да го добие Шампион со цел да го потврди местото за плеј-оф бидејќи во групата Б во борба за пет екипи, а само првите четири водат кон плеј-офот.

Ланскиот прволигаш Вардар Неготино на домашен терен го очекува тежок дерби меч против Скопје, ова ќе биде дерби на двата лански суперлигаши, каде и двете екипи гледаат на триумф и потребните два бодови, кои се многу важни за место во плеј-офот.

Преспа Вардар во Ресен ќе игра против екипата на Текстилец од Штип каде домаќинот е со минус еден бод, а пак Текстилец е со два бодови. На овој меч Преспа Вардар ќе бара прв позитивен резултат, а пак штипјани ќе атакуваат на само на второ сезонско славје.

Александар Ванев, М-Нет