
Македонија во иднина нема да биде увозно зависна. Со зголемувањето на сеидбата по површина ќе има поголем квантитет на пченицата од наредната реколта. Дополнителните средства за производителите на пченица и јачмен од страна на владата се со цел стимулирање за нив, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски и додава дека министерството заедно со земјоделските здруженија има план за сериозна контрола на семенскиот материјал и препаратите.
“Видете на изминатата седица на владата донесовме измена на програмите, каде што обезбедивме дополнителни средства за производителите на пченица и јачмен се со цел да ги стимулираме и наредната сеидба да биде зголемена по површина за да има поголем квантитет на пченица веќе од наредната реколта. Ние како министерство што го планирам е да заедно со земјоделските здруженија, земјоделците направивме план што ќе значат сериозна контрола на семенскиот материјал, контрола на препаратите. Овие зголемувањата на субвенциите ќе бидат стимул за веќе новата сезона, што доаѓа за некој период од сега. За Македонија не биде увозно зависна, a знаете дека во изминатиот период таа мораше да увезува од надвор.“; истакна Трипуновски
Земјоделците имаат неисплатени субвенции од минатото, поради превилегиите на претходната власт, додава Трипуновски и вината ја насочува со доказ во претходната власт за непревземање на соодветни активности согласно обврските на законот.
“Земјоделците имаат несиплатени субвенции поради тоа што некој други имале превилегии“
Со ваквото зголемување на субвенциите и откупот ќе се придонесе за поголем мотив за работа, но и поголемо прозиводство со што државата нема да биде зависна од увоз на земјоделски производи.
Лаура Стојанова М-Нет