Протест на пензионерите во Свети Николе, бараат оставка од претседателката Трајковска

И денеска пензионерите се собраа на протест и побараа смена на претседателката на Здружението на пензионери на Македонија. Велат пронајдени се низа неправилности во работењето, дури и фалсификување на документи, па следствено на ова се побараа и низа други оставки.

„Браме оставка од Станка затоа што е лажга и криминално настапи на изборите, да ги напушти просториите на сојузот и да си даде оставкан заради давање лажни податоци.“ – вели Милевска.

Со цел да си помогнат самите на себе пензионерите формираат Закон преку кој бараат реформи. Нивните главни барања откако го добија линеарното покачување на пензиите е истите да бидат 70% од минималната плата.

„Одлучивме да направиме нов Закон кој ќе им помогне на пензионерите за да се подобри нивниот живот и ние ќе се движиме постепено и се надеваме дека ќе ни се помогне“ – вели Јанчевска.

Дополнително бараат надлежните институции да излезат на терен и да го проверат работењето на претседателката.

„Бараме од институциите, да преземат активности поради големите аномалии во здруженијата и да се преземат мерки посебно за финансиско и материјално работење. “ – вели Митев.

Денеска во Свети Николе имаше пензионери од повеќе градови, а останатите не пристигнаа дел заради временски неприлики, дел заради финансиски проблеми.

Лаура Стојанова М-Нет