
Проектотот за изградба на ски центар на Царев врв е само за собирање политички поени, потенцираа од комисијата за земјоделство на ВМРО ДПМНЕ. Велат дека Министерството и Владата наместо да се грижат и да и помагаат на земјоделците, навремено да пуштаат вода за наводнување и тие ветуваат проекти за политички поени.
„Министерството и Владата требаше да се заземат со проекти кои ќе го олеснат работењето, но ние гледаме дека во изминатите години ниту една шајка во системите за наводнување, па секоја година како по шаблон имаме протести дали во овчеполието дали во другите делови од државата. И овде во Кочани имаме проблеми со водата, не се пушта навремено. Така да овој прокет кој го форсираат сега пред самиот крај е само за политички поени.“ – вели Трипуновски.
Трипуновски потенцира дека изградбата на браната Рејчани исто така ќе биде реалност само со доаѓањето на ВМРО ДПМНЕ на власт. Како што вели тој за нив водата значи ресурс за земјоделско производство.
„Браната Рејчани ќе биде реалност со доаѓањето на ВМРО ДПМНЕ на власт. Затоа што ние во нашата програма предвидуваме сериозна сума на средства кои ќе бидат за инвестиции, модернизација и изградба на нови системи за наводнување. За нас е докажано дека водата е главен ресурс за земјоделско производство.“ – додава Трипуновски.
Николовски на почетокот на месецот изјави дека на Царев врв ќе се изгради модерен ски центар еден од најголемите на Балканот и со тоа ќе се подобри развојот на Истокот и Североистокот.
Лаура Стојанова М-Нет