
За 50% намалено поризводство на ореви, заради неповолните временски услови оваа пролет. Стојан Гицев од село Крупиште вели во своето место имал три дрва ореви, но оваа година производството е преполовено. Сланата во месец март ги уништи оревите, па сега вели едвај има по некој килограм за неговите постојани муштерии.
„Ретко, слабо ама снајдуваме се некако да ги обезбедиме муштериите да не бидат извисени. Фана една слана, март месец и токму кога цветаа оревите ги попари. И затоа нема род. Производството е намалено за 50%.“ – вели Гицев.
Добра клима и наводнување, Гицев вели ова се двата главни фактори кои влијаат за добро производство. И ако се родат доволно ореви потребено е време да се искршат и да се продаваат само јатки. Гицев посочува дека треба да се знае техниката за кршење на ореви. Додава дека поисплатливо е да се купуваат јатки отколку некршени ореви, оти од три килограми ореви се добива еден килограм јатки.
„Бара добра клима и ако е ран може да се отворе да почне да цвета и ако падне слана попаре го и не може да заврзе и да оплоде. Лани поретко се бараа јатки ореви оваа година многу повеќе.“ – додава Гицев.
Побарувачката на ореви се очекува да се зголеми пред празниците кога се купуваат во поголема количина. Килограм некршени ореви се продаваа по цена од 150 денари за килограм, а јатки за 500 денари од килограм.
Лаура Стојанова М-Нет