
Трибина на тема „Меѓуврсничко насилство, превенција и препознавање“ ќе се одржи утре во Општина Штип. Со почеток од 13 часот, сите заинтересирани ќе може да научат нови работи, како да го препознаваат и како да превенираат кога е во пршање врсничко насиство. На самата трибина ќе говорат четири професорки од Уиверзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје.
„Во салата на Советот на Општина Штип ќе се одржи трибина на тема „Меѓуврсничко насилство, превенција и препознавање“. На темата ќе говорат четири професорки кои ни доаѓаат од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје. Темата е актуелна и секогаш предизвикува внимание кај сите“ – вели Санева.
Во оваа прилика се упати покана до сите заинтересирани, родителни, наставници, служби да бидат дел од настанот за тема која ги засега сите подеднакво.
„Оваа прилика ја користам да ги повикам сите да присуствуваат, родителите на децата и наставниот кадар и стручните служби“ – додава Санева.
Настанот е организиран од страна на Општина Штип.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет