Третолигашот Шкендија Арачиново на 11. јануари ги започнува подготовките – Втора лига е единствената цел!

ФОТО: Александар Ванев, М Нет телевизија | АРХИВА

Есенскиот шампион во Третата македонска фудбалска лига – Север, екипата на Шкендија Арачиново, на 11. јануари, сабота, ги започнува зимските подготовки за пролетните предизвици.

Амбициозниот третолигаш во есенскиот дел не видe многу мака и лесно го освои врвот од табелата, а притоа направи и солидна бодовна предност, од осум бодови во однос на Фортуна која е втора, а која останува без најдобриот играч, Орхан Мифтар, кој е најдобр стрелец во Трета лига – Север.

Шкендија Арачиново досега се засили со Ертан Демири, Мргим Дани, Бесир Бафтијар и Фикрет Љиварека, а клубот го засили стручниот штаб предводен од Еркан Мурсели со Шабан Сулимани, кој поседува УЕФА А лиценца и носи искуство од прволигашот Гостивар.

Тимот веќе е насочен кон баражот за Втора македонска фудбалска лига, бидејќи повеќе од јасно е дека лесно во пролетниот дел ќе биде потврдено првото место, па затоа веќе мислите ќе се насочуваат кон баражот и како истиот да се добие за Шкендија Арачиново да ја оствари својата цел, а тоа е влез во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ).

Минатата сезона тимот беше втор и за малку не успеа да биде шампион и да игра бараж, но оваа сезона се изгради квалитетен тим кој носи одлични резултати и како последна пречка ќе биде тој бараж меч кој води кон пласман во Втората лига.

Од клубот истакнуваат дека заедно ќе работат напорно за да го остварат сонот и да ја испишат историјата на Арачиново за влез во Втората лига.

Александар Ванев, М-Нет