Третолигашот Карбинци на 12. февруари ги „пали моторите“ – договорени пет засилувања, од клубот заминаа двајца играчи!

Третолигашите пополека еден по еден ги започнуваат зимските подготовки за вториот дел од сезоната. Екипата на Карбинци за 12. февруари го закажа стартот на подготовките за пролетниот дел од Трета лига – Исток.

Од клубот има две заминувања, се работи за Ненад Нешовски и Антонио Стојчов, за што веќе клубот и се заблагодари за соработката.

Од клубот информираат дека ќе имаат пет нови засилувања, а не е исклучена можноста за дополните две засилувања, а промоцијата на новите играчи ќе биде следната недела.

Екипата на Карбинци во есенскиот дел заблежа три победи, две ремија и четири порази и има 11 бодови доволно за седмо место на табелата. Пролетниот дел тимот на Карбинци го отвара со гостување во Пирава против екипата на Ударник, а пролетниот дел во Трета лига – Исток започнува на 9. март.

Александар Ванев, М-Нет