
Овој викенд ќе се одиграт натпреварите од 14. коло на Втората кошаркарска лига на Македонија. Во рамки на оваа рунда екипата на Соколи на домашен терен ќе се соочи со Борец Баскет во дербито на колото.
Двете екипи имаат амбиции за влез во Првата лига, овој меч ќе биде повеќе од важен и за штипјани и за велешани. Соколи го дели врвот со Ангели со по 24 бодови, а пак Борец е четврти со 22 бодови и тоа прави дополнителна неизвесност на мечот и ја дава неговата важност на патот кон елитата.
Струмица на домашен терен ќе се соочи со екипата на Охрид, каде струмичани ќе ја барат третата сезонска радост со надеж да го напуштат дното, победата им е важна и во битката за опстанок. Ниту ланскиот прволигаш Охрид не е во нешто подобра ситуација, па тоа го прави овој меч да биде клучен и за двете екипи во битката за триумф на теренот.
Лидерот Ангели и третопласираниот Маџари, дерби за триумф, дерби за Прва лига. Екипата на Црн Дрим после поразот во претходното коло од Маџари сега ќе има идеална шанса против Работнички 2018 да се рехабилитира и да се врати на победите, МЗТ Скопје ќе игра против фаворитот Мега Баскет.
Водно Санс на домашен терен го очекува неизвесен натпревар против екипата на Бутел.
Александар Ванев, М Нет