Оливера Наковска Бикова единствена од Македонија на Параолимписки игри во Париз!

Параолимписките игри во Париз ќе се одржат во период од 28. август до 9. септември, а македонската параолимпијка Оливер Наковска Бикова ќе биде единствениот македонски спортист на претстојните Параолимписки игри.

Наковска Бикова ќе настапи во три стрелачки дисциплини, а битолчанката успешно ги поминува подготовките преку кои ја темпира формата за настапот на Параолимписките игри во Париз.

Инаку, 50-годишната Наковска Бикова го освои златниот медал на Параолимписките игри во Лондон во 2012 година во стрелаштво со воздушен пиштол на 10 метри, а Наковска Бикова во 2022 година стана светски шампион откако го освои златниот медал на Светското првенство во Обединетите Арапски Емирати.

На Параолимписките игри во Париз, Оливер Наковска Бикова ќе настапи на 31. август, а потоа на 2. и 4. септември.

Александар Ванев, М-Нет