
Овој викенд нема да се игра третолигашки фудбал на Истокот поради Велигденските празинци. Според утврдениот календат овој викенд беше предвиден за слободен, а со тоа фудбалските возбудувања во Трета лига – Исток продолжуваат следниот викенд со мечевите од 17. коло.
На 19 април ќе се играт натпревари од оваа рунда, а во која во Берово ќе се игра мечот меѓу Малеш и Карбинци, Хоризонт Турново ќе биде домаќин на Брегалница од Делчево, во Дојран ќе се сретнат Дојранско Езеро и Победа Валандово, а пак екипите на Ударник и Овче Поле се слободни.
Во однос на табелата на првото место е Овче Поле од Свети Николе со 37 бодови, Победа Валандово е втоар со 29 бодови, со тоа што тимот од Валадново има дури три натпревари помалку, кои ако ги добие ќе избие пред екипата од Свети Николе.
На третото место е Хоризонт Турново со 28 бодови, Ударник е четврти со 26 бодови.
Откажувањето на Рудар од Пробиштип и Светлост од Зрновци направи комплицирани работи, да во секое коло има по две слободни екипи и екипи кои имаат помалку одиграни мечеви, па додека се комплетираат тие натпревари ќе има промени на табелата, а фокусот е меѓу Победа Валандови и Овче Поле кој да биде шампион и да игра бараж за Втора лига.
Александар Ванев, М-Нет