Неверојатна статистика на Шкендија Арачиново во ВМФЛ, чиста мрежа на пет меча во низа!

Второлигашот Шкендија Арачиново зад себе има неверојатна статистика на последните пет мечеви голманот Антонио Столевски ја чува чиста својата мрежа, а ваквата форма го врати тимот на Берат Имери на делба на првото место заедно со Охрид и Брегалница со по 52 бодови.

На последните пет натпревари Шкендија Арачиново забележа четири победи и едно реми. Тимот од Арачиново убедливо го доби Големо Коњари со 0:4, минимална победа од 1:0 над Детонит Плачковица, па следуваше триумф од 0:5 во Виница над Слога, реми без погодоци (0:0) против Беласица и победа од 2:0 над Тетекс.

Со ваква статистика Шкендија Арачиново ја подобри одбраната и сега заедно со Охрид има најдобра одбрана со примени 12 погодоци и еден од најефикасните напади со реализираше 42 погодоци.

Во следното коло Шкендија Арачиново ќе гостува во Кочани каде ќе се соочи со разиграниот Осогово.

Александар Ванев, М-Нет