
Третолигашите кои имаат амбиции за влез во Втора лига ги започна зимските подготовки и договорија пријателски натпревар низ кои ќе ја проверуваат формата.
Прв третолигаш кој означи старт на зимските подготовки на 12 јануари беше Победа Валандово, непоразениот есенски шампион во Трета лига – Исток. Третолигашот од Валандово работи под „полна пареа“ за да се добие потребаната форма, а притоа се закажани и пријателските натпревари низ кои ќе се „бруси“ формата.
На 29 јануари тимот од Валандово ќе ја провери формата со Детонит Плачоквица, на 31 јануари следува тест со штипска Брегалница. За 7 февруари е закажан контролен меч со Кожуф, а пак на 15 февруари ќе има тест со Слога Виница. Но, со оглед на тоа што Трета лига – Исток ќе стартува во месец март, Победа Валандово бара противници за да одигра уште најмалку два контролни натпревари.
Со зимски подготовки во снежни услови вчера старт на подготовки означи и Еуромилк од Горно Лисиче кој ќе цели кон враќање во Втора лига. Есенскиот шампион во Трета лига – Север кој е поранешен прволигаш сака да се врати во Втора лига, а за таа цел е задржан костурот на тимот од есенскиот дел, а притоа истиот ќе биде и засилен со неколку нови играчи.
Од клубот информираат дека во следните денови ќе бидат закажани и пријателските натпревари низ кои ќе се проверува формата.
Овие две екипи имаат отворени амбиции и ќе целат кон влез во Втора лига, но тој влез покрај тоа што треба да бидат шампиони во своите третолигашки регион ќе треба и да го поминат баражот.
Александар Ванев, М-Нет