Женските одбојкарски клубови поактивни од машките во мини преодниот рок – има едно странско засилување!

ФОТО: Александар Ванев, М-Нет телевизија

Женските одбојкарски клубови од Првата и Втората лига поактивни од машките во однос на засилувања во мини преодниот рок на Одбојкарската федерација на Македонија.

Кај дамите има дури 13 домашни и еден странски трансфер. Марија Крстеска од Ускана Волеј прави трансфер во Газели Волеј, а овој клуб се засили и со Марија Лазарова од Струмица жени.

Анита Медија од Шкендија оди во Риниа, а пак Ана Панова од Виола Волеј во Борец. Ирина Петковска Фламинго Волеј го замени со Фокс Волеј, апак Мила Добревски од Јанта Волеј Бут оди во Весна Пробиштип.

Марија Коцевска од Фит Фан Волеј го засили Вардар ЕМ, а пак Јанта Волеј Кисела Вода се засили со Матеа Попоска од Газеил Волеј и Дејана Илиевска од Јанта Волеј Бут.

Мартина Петковска од Фламинго Волеј 1 оди во Фламинго Волеј 2, а пак од Скопје во Фламинго Волеј оди Јована Петковска. Јована Кариманчева од Борец се сели во Вилеј Волеј, а пак Зара Алтикардеш од Шкупи прави трансфер во Форца Волеј Ема.

Од странски засилувања кај дамите од хрватски Осијек во Фит Фан Волеј пристигна Бјанка Рубежиќ.

Во машка конкуренција има само два транфери, Филип Станков од Струмица оди во Сушево, а пак Виктор Ангелески од Јанта Волеј оди во Работнички.

Александар Ванев, М-Нет